Во Декември 2016 година во Lenexa, Канзас, САД, Бордот на Комесари на Меѓународниот Одбор за Акредитација за Бизнис Образование (IACBE), објави дека на својот состанокот одржан во Орландо, Флорида, САД, Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје, Република Македонија, доби статус на кандидат за акредитација.
Во доделувањето на кандидатскиот статус, Бордот на Комесари утврди дека на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје е развиен соодветен систем за управување со квалитетот; дека ги исполнува техничките услови за кандидатурата во врска со своите програми за бизнис, располага со ресурси, како и оперативните процеси; и ги исполнува критериумите да продолжи со процесот на акредитација.
IACBE - Меѓународниот Одбор за Акредитација за Бизнис Образование (IACBE) е основан во 1997 година и е национално признат од страна на Советот за Акредитација на Високото Образование на САД (CHEA). IACBE е лидер во програмска акредитација, воден од својата мисија која е базирана на резултати на студентски центрирани колеџи и други институции за високо образование во светот. IACBE има свои претставништва во стотици земји, институции и кампуси во светот, и има акредитирано над 1.400 бизнис и бизнис-поврзани со програми во САД, Европа, Азија, Блискиот Исток, Централна Америка и Јужна Америка.
Седиштето на IACBE е лоцирано во Lenexa, Канзас, САД.