ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА ПРЕСТИЖНА МАЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА HUMAN CENTERED ECONOMICS

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА ПРЕСТИЖНА МАЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА HUMAN CENTERED ECONOMICS

Во периодот од 1-ви до 3-ти Февруари, 2017 година во Дубровник се одржа престижна Меѓународна научна конференција и тркалезна маса на тема: Human Centered Economics.

Делегацијата од УТМС беше предводена од ректорот, академик Аце Миленковски во состав: проректорот за наука и развој и декан на Економскиот факултет, проф. д-р Сашо Кожухаров и академик Јана Илиева.

Конференцијата започна со свечено обраќање на академик Иво Шлаус, почесен претседател на Светската академија на уметности и науки, кој во своето излагање ја потенцираше неминовноста на развивањето на Новата економска теорија, која во фокусот на интерес ги става социјалните аспекти на општественото делување, при што особено значајна е профилацијата насочена кон правно-политичките аспекти.

Во текот на Конференцијата, ректорот на УТМС, академик Аце Миленковски оствари работни средби со почесниот претседател на Светската академија на уметности и науки, академик Иво Шлаус, со извршниот директор на Светската академија на уметности и науки, академик Гери Џејкобс, како и со други еминентни претставници на светската академска елита.

Во панелот на тема: Пресек на истражувањата на Новата економска теорија, од страна на Светската академија на уметности и науки, свое излагање имаше академик Гери Џејкобс, извршен директор на Светската академија на уметности и науки, а панелисти беа академик Винстон Наган, проф. Андреас Зукони и проф. Томас Ројтер. Во овој панел, свој осврт на тема: Ограничувања на економската благосостојба индуцирана од нетипичните стандарди и нивна интерпретација, имаше проф. д-р Сашо Кожухаров. Проф. д-р Сашо Кожухаров свое излагање имаше и на тема: Когнитивниот капитал и влијанијата на даночните мерки на можностите за остварување на економската благосостојба.

Во воведниот дел на панелот: Политичко-правните основи за одржлива економија и потполно вработување, кој го водеше академик Винстон Наган, свое излагање на тема: Правните импликации на техничките промени врз степенот на вработеност имаше академик Јана Илиева. Вториот ден од Конференцијата, академик Јана Илиева имаше свое излагање на тема: Социјално-правните аспекти на монетарната политика. Претставниците од УТМС, проф. д-р Сашо Кожухаров и академик Јана Илиева беа членови на работната група: Future work of New Economic Theory, предводена од проф. Неантро Саведра-Ривано.

На последниот ден од Конференцијата во панелот на тема: Релациите во економско/социјалната моќ, модератор беше: проф. Ерик Хојдл, а панелисти академик Винстон Наган, академик Гери Џекобс и проф. Алфредо Зукони. Во овој панел, свој осврт на тема: Демократско владеење (Democratic Governance) и економско/социјалната моќ имаше проф. д-р Сашо Кожухаров, а на темата: Политички популизам и социјално-економска пропаганда, свое излагање имаше академик Јана Илиева.

Во текот на работната сесија следуваа панели на следниве теми: Пресек на економијата насочена кон човекот, модерирана од проф. Алфредо Зукони и проф. Стивен Јонг-Сеунг Парк, со излагања на: проф. Боб Гилис и академик Винстон Наган; Транзиција кон Новата парадигма во економијата, модерирана од проф. Тибор Тот, со излагања на: проф. Џо Сент Клер, проф. Гружијана Лесниак-Лебковска и проф. Дон Ончица-Санислав.

Во текот на Конференцијата свои излагања на актуелни теми имаа 25 научници, видни претставници на светската академска елита од 14 земји во светот.

Конференцијата заврши со освртот на академик Иво Шлаус за актуелноста на водечката тема и заклучните согледувања, како и со предлагањето на агендата за следната конференција во Кејптаун и идните активности на групата New Economic Theory, од страна на академик Гери Џекобс.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај