ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА GLOBAL WOMEN LEADER SUMMIT

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА GLOBAL WOMEN LEADER SUMMIT

Од 16-ти до 18-ти Февруари 2017 година во хотел „Мериот“ во Скопје се одржа Глобален самит на жени бизнис лидери во организација на Стопанска комора на Македонија, Здружението на бизнис жени и Светската бизнис организација. Свое учество на овој настан имаа претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје во состав: проф. д-р Александра Стоилковска, декан на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, доц. д-р Наташа Ристовска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис, доц. д-р Љупка Наумовска од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и асс. м-р Гордана Серафимовиќ од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

Во рамките на првиот работен ден од Самитот на жени лидери, учесниците дискутираа за менаџментот на промени и креирање на бизнис можности, редефинирање на медиумите во ерата на интернетот-нови начини за одржување на рејтинг и постигнување на успех, врската помеѓу културата, економијата и дипломатијата, улогата на жените во јавниот сектор.

Во рамките на вториот работен ден на Самитот, учесниците дискутираат за глобалната платформа на жени бизнис лидери, предизвиците со кои жените во бизнисот се соочуваат, вклучувајќи ја родовата нееднаквост во бизнисот, иднината на бизнисот во ерата на дигитализација, жените претприемачи кои креираат иновативни претпријатија, како и за новата генерација на млади жени лидери за што свое излагање имаше доц. д-р Љупка Наумовска од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).