Во рамките на промотивната кампања матуранти од СГГУГС „Здравко Цветковски” го посетија Универзитетот за туризам и менаџмен во Скопје. За време на посетата апликативно беа претставени 10-те прични зошто да студираат на УТМС, при што имаа имаа ексклузивна можност да ја следат наставата на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и на Факултетот за туризам. Воедно, матурантите се убедија во современите технички и логистички услови за студирање, како и на подготвеноста и достапноста на наставниот кадар. Топлиот прием од професорите на УТМС предизвика воодушевување кај матурантите кои пак отворено ги поставија прашањата кои се фокус на нивен интерес во врска со изборот на својата иднина. По официјалниот разглед на универзитетот беше организиран коктел на кој дел од нив разговараа со професорите и асистентите за деталите за упис на студии.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/827-maturanti-od-sggugs-zdravko-cvetkovski-vo-poseta-na-utms#sigProIdd03084a692