Промотивни активности за упис на нови студенти, Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, реализираше во СОУ „Таки Даскало “ во Битола. Во креативна атмосфера, преку интерактивна и мултимедијална презентација, матурантите внимателно ги следеа десете причини кои за нив во иднина ќе бидат кометитивна предност и можност за градење на успешна професионална кариера. Во таа насока беа претставени предностите на факултетите на УТМС. Посебен интерес кај матурантите предизвика методологијата на студирање која ја препознаа како слична со таа во средното образование, грижата на Центарот за кариера за секој студент одделно во обезбедување на практична наства во земјава и странство, организирање на наствно-научни практикуми, можноста за вработување. Доказ за тоа беше видео записот во кој беа презентирани студенти кои по дипломирањето изградиле успешни кариери.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/816-promocija-na-utms-pred-maturantite-vo-sou-taki-daskalo-vo-bitola#sigProId3890ba2bdc