На 6-ти Мај 2017 година, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, уште еднаш ги отвори вратите за членовите на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’- Скопје, едно од најголемите и најактивните здруженија кои делуваат на територијта на Р. Македонија.
Пред повеќе од 150 присутни, м-р Јулијана Петровска, претседател на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, даде отчет за работата на Здружението во изминатиот период, по што беше усвоена и Програма за работа за наредната година.
Покрај членовите на Здружението, на седницата присуствуваа и свое обраќање имаа: амбасадор на Р. Унгарија во Р. Македонија, Н. Е. д-р Ласло Иштван Дукс, кој воедно беше прогласен за почесен член на Здружението, Н. Е. г-дин Мартин Безак, амбасадор на Р. Словачка и почесен член на Здружението, проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Зоран Ивановиќ, редовен професор на Факултетот за менаџмент во туризам и угостителство во Опатија и PROFESSOR HONORIS CAUSA на УТМС, г-дин Ивица Гиевски, советник во БРО на Р. Македонија и доц. д-р Благица Новковска, доцент на УТМС,
По свечениот коктел беше реализирана едукативна работилница на тема: „Планирање и примена на ИКТ во наставата по географија во функција на формативното оценување на учениците“.
Преку директна материјално-техничка и кадровска поддршка на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, го покажа своето општествено одговорно делување, својот пристап во работата и учество во целокупното образовно и културно живеење во државата.