Тим од Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје реализираше промотивни активности пред учениците од гимназијата „Алгоритам“ во Скопје.
Академскиот кадар од УТМС ги презентираше високите стандарди според кои работат 5-те факултети и 10-те причини поради кои треба да одлучат да студираат на УТМС. Презентацијата предизвика интерес кај учениците кои внимателно ги следеа информациите, а посебен интерес покажаа за методологијата на студирање, примената на дигиталните медиуми во процесот на студирање, пред се платформата Е-студент и Е-библиотека, наставно-научните практикуми кои ја поврзуваат теоријата со практиката и поддршката од Центарот за кариера со можноста за вработување.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/787-promocija-na-utms-vo-gimnizijata-algoritam-vo-skopje#sigProId679e3d17ca