Најдобрите студенти од Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје, се интегрираа во следење на еднонеделна МВА едукативна програма на тема: „Лидерство и организациско однесување” на престижниот Maastricht School of Management во Холандија. За време на предавањата под водство на еминентната професорка Стефани Џоунс, студентите се стекнаа со теоретски знаења кои апликативно ги применуваат преку тимска работа и изработка на проекти и презентација на истите. Приоритет во едукативниот процес е стекнување на применливи знаења од областа на лидерството и организациското однесување во функција на компетитивна предност.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/779-maastricht-school-of-management#sigProIdc6accf3af5
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/779-maastricht-school-of-management#sigProIdc6accf3af5