СТУДИИТЕ НА УТМС МЕ РАНГИРАА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ ВО ГАЈА, ПОРТУГАЛИЈА – ИНТЕРВЈУ СО СТУДЕНТКАТА АНУШКА АНА РАТКОВИЌ

СТУДИИТЕ НА УТМС МЕ РАНГИРАА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ ВО ГАЈА, ПОРТУГАЛИЈА – ИНТЕРВЈУ СО СТУДЕНТКАТА АНУШКА АНА РАТКОВИЌ

Предавањата во Гаја се многу слични како на Универзитетот за туризам и менаџмент, со тоа што и на двата факултета поеднакво се обрнува внимание и на теоретскиот и на практичниот дел од наставата. Разликите се состојат во тоа што наставниот кадар на Универзитетот за туризам и менаџмент обрнува повеќе внимание на студентите како поединци и нуди индивидуален менторски пристап. 



Анушка Ана Ратковиќ, студент на УТМС моментално на размена со Еразмус + програмата во Португалија, фотографирана пред Универзитетот во Порто, Португалија. 


Двете години студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје (УТМС) е причината поради која таа денес е рангирана меѓу најдобрите студенти на Политехничкиот факултет во Гаја, Португалија. Студентката Ана Ратковиќ таму ќе ги заврши своите студии. Од матичната интитуција УТМС замина во Португалија преку програмата Еразмус плус. Својата иднина ја гледа во областа на менаџментот на човечки ресурси и планира на УТМС да запише магистерски студии. Ана Ратковиќ раскажува за стекнатите нови искуства, за сличностите и разликите во образованието на двата универзитета. 

Факултети.мк: Зошто решивте да се запишете токму на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје? 
- Постојат бројни причини поради кои сум горда на мојот избор на Универзитет. Приоритетна причина беше методологијата на студирање која постојано го развиваше мојот инвентивен и креативен потенцијал, ја подобруваше мојата самодоверба и упорност во постигнувањето на академските цели. Методологијата е базирана на кредит транфсер системот кој овозможува меѓународно етаблирање и учество во Еразмус плус програмата преку која јас имам можност дел од студиите да ги завршам, овде, во Гаја, Португалија. Универзитетот за туризам и менаџмент ги следи највисоките стандарди за студирање и ги применува во обезбедување на најсовремени услови, софистицирана дигитална поддршка како и достапност на информации и услуги кои им се потребни на студентите. Студискиот трансфер го направив преку Центарот за кариера кој несебично се грижи за студентите и им овозможува да ги остварат своите академски цели. 


Студентот Анушка Ана Ратковиќ фотографирана во Гаја со прекрасниот поглед кон Порто


Факултети.мк: Колку начинот на студирање Ви помогна во интеграција на меѓународните студии каде што сте сега?
- Начинот на студирање имаше клучна улога во процесот на моето интегрирање во програмата на Политехничкиот факултет во Гаја. На почетокот на мојот студиски престој ја препознав методологијата на студирање која е идентична со таа на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје. Предизвикот во новата средина беше голем, но јас бев подготвена и успеав веднаш да се вклопам и без проблеми да ги извршувам задачите, да постигнам високи резултати, истовремено станав дел од меѓународната академска средина, што посебно ме прави горда. 



Студентите на УТМС се дел од интернационални вмрежувања, размена на искуства и знаења со студенти од целиот свет и долгогодишни пријателства. (Порто, Португалија)


Факултети.мк: Што би издвоиле како најважно, пресудно по што студиите на овој универзитет се разликуваат од другите?
- Методологија на студирање што се применува на универзитетот и квалитетниот наставниот кадар се клучните елементи што му даваат предност на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје пред другите универзитети. Јас и останатите студенти на УТМС сме во секојдневна комуникација со професорите и асистентите, учиме преку практична настава и сме во процес на професионално профилирање кое ни дава самодоверба за барање на работа. 

Факултети.мк: Колку сте задоволни од наставниот кадар? Што најмногу Ви се допаѓа?
- Многу сум задоволна од наставниот кадар кој за време на предавањата покрај презентирање на информации за научната теорија од соодветната област за неа ни даваат и апликативни примери. За време на вежбите правиме симулации на реални бизнис ситуации со цел теоретските знаења да умееме да ги примениме во конкретна реална ситуација. Покрај редовните професори имаме и предавања од експерти од најразлични стручни области. 


Студентките на УТМС, Вероника Димоска и Анушка Ана Ратковиќ фотографирани за време на воннаставните активности – прошетка и уживање во познатата градина на Кристалната Палата во Порто. 


Факултети.мк: Во моментот сте на размена со Еразмус+ програмата, на Политехничкиот факултет во Гаја. Во што се состојат разликите на студии тука и таму?
- Во суштина, предавањата се многу слични како на Универзитетот за туризам и менаџмент, со тоа што и на двата факултета поеднакво се обрнува внимание и на теоретскиот и на практичниот дел од наставата. Разликите се состојат во тоа што наставниот кадар на Универзитетот за туризам и менаџмент обрнува повеќе внимание на студентите како поединци и нуди индивидуален менторски пристап. Убедена сум дека студиите на УТМС во комбинација со искуството од Еразмус + ќе придонесат да ги остварам моите професионални и целите во мојата кариера. 

Факултети.мк: Веројатно сега можете непосредно да споредите какви знаења сте стекнале досега, во однос на студентите од другите земји. Какви се Вашите искуства?
- Во споредба со останатите студенти можам да кажам дека се чувствувам поподготвена за сите предизвици со кои се соочувам. Сметам дека двете години студирање на УТМС ми ги проширија видиците кон академскиот свет и ме подготвија на дисциплина која тука ме рангира меѓу најдобрите студенти. 


Студирањето во Португалија и овозможува на студентката на УТМС, Анушка Ана Ратковиќ да се воодушевува на необичната убавина на познатата црква Кармо во Португалија. 


Факултети.мк: Што понатаму, откако ќе дипломирате? Каде ја гледате својата иднина?
- По враќањето од студиите во Португалија би сакала да се вработам во областа во која што студирам, менаџмент на човечки ресурси, а во исто време планирам да продолжам со магистерските студии на УТМС. 

Факултети.мк: Што би им препорачале на идните студенти кои сакаат да се запишат на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје?
- Да не се двоумат, да се запишат на еден од од петте факултети на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и да ги искористат сите предности кои што им ги нуди УТМС.

Извор: Fakulteti.mk

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).