ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА ДЕЛОВЕН ПОЈАДОК СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА Р. МАКЕДОНИЈА

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА ДЕЛОВЕН ПОЈАДОК СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА Р. МАКЕДОНИЈА

Претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, денес 19.07.2017 година, во хотел „Континентал“ во Скопје, учествуваа на Деловниот појадок со Претседателот на Владата на Република Македонија, организиран од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Универзитетот го претставуваше делегација во состав: проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, проректор за настава, проф. д-р Зоран Ивановски, проректор за меѓународна соработка, м-р Марио Чачиќ, оперативен директор и Зоран Ѓорѓески, генерален секретар.
На средбата претставниците на Сојузот на стопанските комори на Македонија и бизнис зедницата пред владиниот економски тим презентираа пакет од 75 мерки во насока на спроведување на структурните реформи и подобрување на инвестициската клима и деловното опкружување во земјава.
Премиерот, г-дин Зоран Заев, пред деловниот појадок порача дека владиниот тим е отворен за соработка и сака да ги слушне барањата, сугестиите и предлозите на бизнис заедницата. Тој истакна дека промените и креирањето на политиките ќе се движат во насоките што ги даваат претставниците на бизнис заедницата. Во своето обраќање Премиерот посебно ја потенцираше потребата компаниите да се грижат и да водат сметка за работниците.
На деловниот појадок присуствуваат повеќе од 200 компании, ресорни министри, амбасадори, претседатели на комори.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај