УТМС СО НОВА КАМПАЊА

УТМС СО НОВА КАМПАЊА

Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје во академската 2017-2018 година во рамките на креираните уникатни и актуелни образовни политики на студентите ќе им овозможи вклучување во креативни активности кои ќе придонесат да се стекнат со конкурентски компетенции. На секој иден студент кој ќе се запише на еден од факултетите, УТМС му доделува ваучер од 500 евра за сертифицирана обука.

Економскиот факултет организира сертифицирана обука за напреден ексел за изработка на финансиски извештаи.

Факултетот за маркетинг организира сертифицирана обука за Социјални медиуми и дигитални платформи во функција на успешен бизнис.

Факултетот за претприемачки бизнис организира сертифицирана обука за Вештини за создавање на интрапретприемачка организација.

Факултетот за менаџмент на човечки ресурси организира сертифицирана обука за Ефективни стратегии за он лајн регрутации.

Факултетот за туризам организира сертифицирана обука за туристички водич.

УТМС е насочен кон следење и примена на квалитетни образовни практики од реномирани универзитети. Нив ги интегрира во процесот на едукација со цел студентите да се стекнат со извонредни теоретски и применливи знаења кои ќе им овозможат да изградат меѓународна кариера.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).