Факултетот за маркетинг на УТМС во рамките на уписните рокови во академската 2017-2018 година, за новозапишаните студенти во прва година доделува ваучер од 500 ЕУ за сертифицирана обука за Социјални медиуми и дигитални платформи во функција на успешен бизнис. Методологијата на обуката е интерактивна и содржи реални бизнис случаи преку кои студентите ќе учат работејќи. Обуката ќе им овозможи на студентите на УТМС професионално профилирање за успешна работа во маркетинг агенции, маркетинг оддели во компании како и во одделенија за комуникации во владин и невладин сектор во земјава и странство.