Во рамките на перманентната интензивна меѓународна соработка, која ја вклучува и Еразмус + програмата за размена на академски и административен кадар, на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, еднонеделен престој имаше г-ѓа Нина Немчиќ, раководител на правни работи на Велеучилиштето со право на јавност „Балтазар Запрешиќ” од Запрешиќ. За време на посетата имаше средби со академскиот кадар на УТМС со кој размени информации за разликите и сличностите во функционирањето на универзитетите во Р. Македонија и Р. Хрватска, при што истакна дека од правен аспект постојат многу сличности. Во насока на споредување на правните процедури присуствуваше на одбрана на дипломски и магистерски трудови при што го искажа своето задоволство од квалитетот на протоколот и на одбраните, како и од современата материјално-техничка и просторна опременост на УТМС. На крај истакна дека нејзините предвидувања за развој на образованието во регионот, особено во Р. Македонија и Р. Хрватска се дека тој се движи во правец на целосно спроведување на болоњскиот систем, кој е потпишан и прифатен од двете држави.