Во рамките на интензивната меѓународна соработка, која што ја вклучува и Еразмус + програмата за размена на академски и административен кадар, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, седумдневен престој оствари проф. д-р Марио Думанчиќ, од Велеучилиштето „Балтазар Запрешиќ” од Запрешиќ. За време на престојот оствари средби со академскиот кадар на УТМС со кој размени информации за методологијата и начинот на студирање на универзитетите во Р. Македонија и Р. Хрватска. Својот престој, професорот Думанчиќ го искористи и за иницирање на можноста за соработка помеѓу двата универзитети, во насока на организирање на заеднички конференции и научни проекти, можности за продлабочена студентска размена и заедничка диплома на прв и втор циклус на студии.