Во организација на Центар за економски политички, анализи и консалтинг, ЦЕПАК, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ќе се одржи НАТО Конференција на тема: „Работи локално, делувај национално, размислувај глобално”. На Конференцијата ќе присуствуваат еминентни гости меѓу кои: проф. д-р Стево Пендаровски, Генерал Мирослав Стојановски (поранешен НГШ на АРМ) и претставници на НАТО од Брисел и Македонија.
Конференцијата ќе се одржи на 26.04.2018 година со почеток во 10:00 часот.
Место: Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје