Влијанието на внатрешното и надворешното опкружување врз животниот циклус на една компанија.
Студентите од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, предводени од Проф. д-р Александра Стоилковска, Доц. д-р Јана Илиева, Асс. м-р Гордана Серафимовиќ, Асс. м-р Марина Стојмирова и демонстратор Мила Георѓиевска на 30.03.2016 ја посетија специјалната болницата Филип Втори каде присуствуваа на предавање за начинот на работа на одделот за менаџмент на човечки ресурси.
Медицинскиот директор на болницата, д-р Тања Анѓушева, оддржа едночасовно предавање во кое преку интеракција со студентите дискутураа за разликите меѓу лидерството, менаџментот и предизвиците на претприемаштвото, со посебен осврт на влијанието на внатрешното и надворешното опкружување врз животниот циклус на компанијата.
Оваа дискусија, иако се поврзуваше со општите состојби од оваа област, сепак посебен акцент беше ставен на проблемите и предизвиците во здравството. Воодушеви фактот што болницата е европски организирана со најсовремена опрема која може да им овозможи да ги достигнат најинтригантните предизвици на современото здравство како што е генетското лекување.
Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“работи во нов објект, веднаш до објектот каде што кардиохирургот д-р Жан Митрев работеше веќе 16 години. Новиот објект е изграден според највисоките светски стандарди и норми за еко-болница, а системите што се вградени во објектот се во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/464-studentite-od-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi-vo-poseta-na-specijalnata-bolnica-filip-vtori#sigProIdb4cacbc08b