Генералниот секретар на Универзитет Скопје, проф. д-р Јана Илиева, која е дел и од наставниот кадар, е избрана за полноправен член на Светската академија за уметност и наука (World Academy of Art and Science - WAAS).
Ова престижно признание е уште една потврда за високото академско ниво, меѓународната препознатливост и континуираната посветеност на Универзитетот Скопје кон науката, образованието и глобалната академска соработка.
Особена чест претставува фактот што проф. д-р Илиева го освои третиот највисок процент на гласови меѓу големиот број кандидати од различни земји и научни области.
Нејзиниот избор во оваа реномирана светска академска заедница претставува признание за нејзината лична долгогодишна професионална и научна работа, но истовремено и значаен успех за Универзитет Скопје, кој преку своите професори и раководни кадри сè поуспешно се позиционира на меѓународната академска сцена.
Овој успех е дополнителен поттик Универзитет Скопје да продолжи да гради мостови на соработка, да поттикнува научна извонредност, како и досега, и достоинствено да го претставува македонското високо образование во светот.
Упатуваме искрени честитки до проф. д-р Јана Илиева и посакуваме ова признание да биде мотив за нови значајни меѓународни успеси за неа и за нашиот Универзитет.

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ