Со успешно одбранетите дипломски трудови, студенти на Економскиот факултет и на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитет Скопје, заокружија едно значајно поглавје од своето академско образование.
Овој успех е резултат на години посветена работа, стекнато знаење и поддршка од професорите, семејството и пријателите, а воедно претставува и почеток на нови професионални можности и предизвици.
Студентите изразуваат задоволство од студирањето на Универзитет Скопје, од соработката со професорите а многумина од нив изразуваат желба да го продолжат своето усовршување преку магистерски студии, што е најдобар доказ за квалитетот на нашиот универзитет.

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ