Низ академската, политичката и историската перспектива, проф. д-р Валентина Муцунска, м-р Емилија Ангелова и проф. д-р Виолета Ачкоска отворија значајна дискусија за улогата, предизвиците и влијанието на жената во современото општество.
Настанот беше отворен од Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски.
Универзитет Скопје и оваа година го одбележува 8ми Март како простор за аргументиран дијалог, знаење и почит кон придонесот на жената во општеството.
