Светската туристичка организација на Обединетите Нации упати искрени честитки до Универзитет Скопје за обновената акредитација на Факултетот за туризам за додипломски и постдипломски студии.
УTМС е единствениот Универзитет од Македонија член на оваа престижна институција. По извршената еваулација, проф. д-р Антонио Карлес од Валенсија и меѓународен ревизор за квалитет во високото образование ангажиран во Обединетите нации порача дека Универзитет Скопје е меѓу 100те најдобри во светот меѓу Факултетите за туризам.
„Да се постигне бараниот квалитет не е воопшто лесно. Мора навистина да задоволувате многу компетенции како програма за туризам. Ова е сертификат што претставува висок квалитет во образованието во областа на туризмот на универзитетските програми, особено во додипломските, последипломските. Наставниот кадар е еден од клучните столбови на која било програма, па затоа овој аспект темелно го разгледуваме” објаснува професорот од Валенсија ангажиран како ревизор за квалитет во високото образование ангажиран во Обединетите нации.
Универзитет Скопје е носител на диплома за квалитет во високото образование, кој ја доделува Светската туристичка организација на Обединетите нации. Овој сертификат обезбедува гаранција за квалитетот на програмите за едукација за туризам.
