Драги студенти,
На 4 октомври (сабота) во 19:00 часот, во Националната опера и балет, ќе се одржи Вашата свечена промоција. Ве молиме да бидете присутни во 15:30 часот заради навремена организација и подготовки.
Дрес код:
Машките студенти – одело и бела кошула.
Женските студенти – свечена комбинација со високи потпетици.
Гостите – свечени одела и соодветна елегантна облека, во согласност со достоинството на програмата.
На настанот ќе присуствуваат Вашите родители, сакани пријатели, за нас драги гости, па затоа Ве охрабруваме сите да придонесеме за свечена и пристојна атмосфера, достојна на овој значаен академски чин.
Прием на гости од 18:00 до 18:45 часот
Со почит,
М-р Марио Чачиќ
Оперативен директор
