Претставници на Универзитетот Скопје, присуствуваат на Генералното собрание на Светската алијанса за дигитално образование, кое од 12 до 14 мај се одржува во Вухан, НР Кина.
На овој високорангиран настан учествуваат премиери, министри, нобеловци и многуброен академски и стручен кадар.
Нашата делегација, составена од проф. д-р Јана Илиева, генерален секретар, и проф. д-р Ана Јовковска, ја претстави нашата визија и стратешка заложба за интернационализација и дигитална трансформација во високото образование.