Во преполниот амфитеатар на Универзитетот Скопје, се одржа промоција на збирката поезија „27-ми април лето господово 2017-то“, посветена на уставобранителите. Оваа емотивно дело што допира длабоко во срцето на читателот, ги пренесува најинтимните чувства и внатрешни превирања на Јане Ченто, Митко Пешов и Вилијам Михајловски-Гајда.
Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски одржа поздравен говор и им додели признанија за животно дело на Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на Македонија, Драган Богданоски – идеен творец на ВМРО-ДПМНЕ и на Војо Стојаноски за афирмација на македонската патриотска песна. Признанијата ги подигнаа блиски членови на нивните семејства.
Свое прво јавно обраќање на настанот имаше и Горан Ѓошевски-Леви, осуден на 15 години затвор. На промоцијата, со своето присуство нè почести и Митрополитот Повардарски Господин Агатангел. Давајќи им благослов на присутните, порача: „Го доживеавме најголемиот срам, од едни луѓе-недомаќини, луѓе што изгледа не го почувствувале камшикот врз својот грб. Ние, Македонците, сме столчени како народ, како нација, како држава, столчени во срцето и во душата. Време е за уште еден Илинден, време е за избавување од страданијата!"
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2567-27-2017#sigProId891e1d2a86