Универзитет Скопје беше домаќин на промоцијата на третиот алманах „Поезија за Македонија“ од група автори, која се одржа на 20.03.2024 година во амфитеатарот на Универзитетот. Настанот се реализираше во соработка со здружението „Културно-хуманитарен феникс“, кое е воедно и издавач на алманахот.
Со воведен говор и со извадоци од Библијата, на гостите им се обрати ректорот проф. д-р Аце Миленковски. Со тоа официјално го отвори настанот, на кој беа присутни еминентни македонски поети, писатели и доајени на македонската песна.
Во името на Универзитетот Скопје и на Здружението Феникс, на промоцијата на третиот алманах „Поезија за Македонија“, ректорот проф. д-р Аце Миленковски им додели постхумно признанија „Македонски феникс“ за афирмација на пишаниот збор во македонската литература, на големиот Петре М. Андреевски и на поетесата Виолета Сековска. Признанијата ги подигнаа ќерката на Виолета Сековска и синот на Петре М. Андреевски, Сергеј Андреевски.
Универзитет Скопје, како и досега, продолжува да ги поддржува сите иницијативи што ја афирмираат нашата татковина!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2555-dodeleni-priznanija-makedonski-feniks-na-prmocijata-na-almanahot-poezija-za-makedonija#sigProIdfb7670eb0a