Денот на виното и љубовта, 14 Февруари, во Универзитетот Скопје го одбележавме со мини прослава во фоајето на нашиот студентски кампус, со нашите студенти и професори.
Секоја година на овој ден православните христијани го прославуваат свети Трифун. Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и на гостилниците, но и на брачната љубов и верност. На 14 февруари, лозарите првпат одат на своите лозја во новата календарска година за да ги закројат лозите. Се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата, па така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, а се будат и природата и љубовта меѓу луѓето.
Многу род, љубов и добро вино да ни донесе свети Трифун и годинава!