Од вчера и официјално, Универзитет Скопје стана генерален спонзор на женскиот ракометен клуб “Спартак” од Скопје!
Честа е наша што ќе помогнеме на уште еден македонски спортски клуб, изјави Ректорот на УТМС, проф.д-Аце Миленковски и додаде: “Македонскиот ракомет и воопшто македонскиот спорт заслужува многу повеќе од моменталните состојби. Секоја нивна победа е и моја, но и на Универзитетот и на целиот македонски народ. Универзитет Скопје продолжува да вложува во иднината на оваа држава во рамките на своите можности”
За таа цел, овој клуб ќе го носи името Женски ракометен клуб “Спартак- Универзитет Скопје”
Спартак е еден од помладите тимови во женската лига кој гравитира во Општина Кисела Вода. Амбициите на тимот в година е да бидат стабилен тим и пред се посакувана средина за младите играчи кои треба да добијат поголема минутажа и можност за напредување. Меѓу новите членови на Спартак се и младинската репрезентативка Ема Кирова, кадетската репрезентативка Анастасија Митрова, како и Марија Кочкова
Од клубот најавуваат дека во следниот период ќе потврдат и неколку нови млади и надежни ракометарки кои ќе го засилат клубот за следната сезона. Со тоа ќе почне остварување на целите на клубот.
“Како клуб ни е драго што институција како „Универзитет Скопје“ го препозна она што го правиме и што ке имаме можност заедно да градиме здраво општество кое ќе се заснова на образование и спорт. Нашата екипа во иднина во своето име ќе го додаде и името на „Универзитет Скопје“ И верувам дека заедно од година во година ке бидеме се поуспешни, изјави Сашо Василевски, претседателот на РК Спартак.
Продолжуваме и понатаму да ја поддржуваме секоја иницијатива за вложување во здрави идни генерации на нашата земја.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2478-utms-generalen-sponzor-na-ushte-eden-makedonski-sportski-klub#sigProId03ed514f15