На Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски и извршниот директор на двократниот европски шампион РК Вардар , Борко Ристовски потпишаа Меморандум за соработка.
За таа цел, Универзитет Скопје ќе додели 15 целосни стипендии за упис на додипломски студии во академската 2023/2024 година.
И нашиот Универзитет и РК Вардар делат исти вредности- развој на спортот во нашата држава.
Ректорот Миленковски рече дека Универзитет Скопје од овој момент натаму станува нераскинлив поддржувач на македонскиот РК Вардар и секоја поддршка што е во рамките на Универзитетот секогаш ќе биде дадена. “Со Вардар пораснавме ние, растат и нашите деца но и нашите внуци. Секоја спортска победа е победа на нацијата.”-додаде Ректорот Миленковски.
Директорот Ристовски се заблагодари на Универзитет Скопје за поддршката и додаде дека сите заедно како Македонци ќе работиме за воздигнување на овој македонски бренд за да го добие местото што го заслужува. “Вардар е на сите нас!”- додаде Ристовски.
Продолжуваме како Универзитет да го поддржуваме спортот во Македонија. Продолжуваме без запирање да вложуваме во здрава младина за доброто на татковината!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2477-utms-so-poddrshka-za-makedonskiot-rk-vardar#sigProIdc9e4a79dbc