Висока делегација од Универзитетот Скопје, предводена од Ректорот проф.д-р Аце Миленковски присуствуваше на Свечената академија по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св.Кирил и Методиј во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Светите Кирил и Методиј својата родна земја Македонија ја чувствувале како своја татковина, а Македонците за свој род. За тоа говорат и текстовите од Службата на свети Методиј, во која се вели дека „остави род и татковина“ и замина да живее со „светите отци“.
Светите браќа, иако доаѓале од Источната црква и се бореле во тоа време против тријазичниците, форсирајќи го божјото слово и на словенски јазик, станале култни личности и за Рим, седиштето на Западната црква.
Сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, денес во современиот свет се единствените личности кои можат да се дефинираат како мост меѓу вечниот ривалитет на Источна и Западна Европа. Ако нивната просветителско-христијанска мисија беше столбот на едниот крај од Европа, одлуката на папата Иван Павле Втори да ги прогласи за созаштитници на Европа е столбот од тој мост на другиот крај на Европа. Секоја година на 24 мај продолжува да се слави нивното дело, најмногу од словенските народи.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2458-visoka-delegacija-na-utms-na-proslavata-po-povod-denot-na-svetite-prosvetiteli-kiril-i-metodij#sigProIdbe60a66978