Две високи делегација на Универзитетот Скопје, предводени од ректорот проф. д-р Аце Миленковски и од претседателот на Сенатот на Универзитетот, доц. д-р Дејан Наковски, денес по повод 120-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата Св. Спас во Скопје.
Гоце Делчев, визионерот што пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, а загина во борба со турскиот аскер на денешен ден во 1903 година во селото Баница. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија, а учителствувал во Штип. Како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО во 1896, а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.
По повод 120-годишнината од неговата смрт, во црквата Св. Спас на неговиот гроб, денес положија цвеќе и високи владини делегации, претседателот на државата, собраниска делегација, како и претставници на други значајни јавни, образовни и деловни институции.
Универзитетот Скопје длабоко им се поклонува и им оддава почит на сите они што ги положиле своите животи во темелите на денешна слободна современа Македонија!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2421-po-povod-120-godishninata-od-smrtta-na-goce-delchev-univerzitetot-skopje-mu-oddade-pochit-na-makedonskiot-velikan#sigProId7e7292c4fd