На покана на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, присуствуваше на прославата на 18-годишнината на општината. Во знак на благодарност, на настанот, Општината им додели плакети за посебни заслуги на свои видни граѓани што придонеле за нејзиниот раст и развој во изминатите 18 години.