Денеска во просториите на Универзитетот Скопје, во рамките на Центарот за кариера на Универзитетот, се одржаа две обуки за вкупно 80 наставници и професори од СУГС „Кочо Рацин“ и ОУ „Лазо Ангеловски“ средно и основно училиште од Скопје. Обуката за проактивно разрешување конфликти ја одржа доц. д-р Гордана Серафимовиќ, професорка на Универзитетот Скопје. Некои од наставниците и професорите изразија интерес и ја посетија Обука за примена на алатки за интерактивна настава, која ја одржа проф. д-р Валентина Муцунска Палевска, исто така професор на нашиот Универзитет.
Стекнатите вештини не само што ќе им помогнат на наставниците да се справат со предизвиците на професијата во училницата и на работното место, туку и да напредуваат во својата кариера.
Универзитетот Скопје се грижи за образованието на идните генерации!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2267-obuka-za-80-nastavnici-od-osnovni-i-sredni-uchilishta-odrzhana-deneska-na-univerzitetot-skopje#sigProId7d5732e89b