Делегација на Универзитетот Скопје предводена од ректорот Миленковски, на 16 март, го посети седиштето на Светска туристичка организација во Мадрид. Со претставниците на UNWTO задолжени за соработка со придружните членки, беше разговарано за активностите поврзани со претстојните настани. Фокусот беше ставен на 118. Извршен совет во Пунта Кана, Доминиканска Република, и на 25. Генерално собрание во Самарканд, Узбекистан.
Приемот на УТМС во Светската туристичка организација официјално беше потврден на 89. сесија на Извршниот совет на оваа организација, одржана 24 – 26 октомври 2010 година, на островот Киш во Иран. Со тоа, УТМС стана еден од елитните универзитети во Европа и во светот што се членки на оваа најпрестижна организација од областа на туризмот. УТМС е и носител на дипломата TEDQual за квалитет во високото образование што ја доделува оваа институција за периодот 2016-2020 и 2021-2024 година.
Светската Туристичка Организација е специјализирана агенција на Обединетите нации и водечка меѓународна организација со централна улога во областа на туризмот. Нејзини главни заложби се промовирање на одговорен, одржлив и универзално достапен туризам како предуслов за социо-економски напредок на една земја. Во оваа најпрестижна организација членуваат 154 земји и над 400 придружни членки што доаѓаат од приватниот сектор, образованието, туризмот и сл.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2214-unwto-3#sigProId1fda50c5a0