По повод Меѓународниот ден на жената, Универзитетот за туризам и менаџмент организираше пригоден коктел за вработените. На коктелот, празникот на припадничките на понежниот пол им го честиташе ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, со подарок вино, чоколадо и роза.
„Ви благодарам што го разубавувате светот! Ви благодарам што сте дел од тимот што го создаде овој универзитет! Ви благодарам што сте и денеска дел од нашиот заеднички успех! Ова не е само ваш празник, туку и наш, зашто без вас овој свет немаше да биде тоа што е!“, им се обрати ректорот Миленковски на присутните жени вработени и соработнички на Универзитетот.
Универзитетот за труизам и менаџмент активно се залага за родовата еднаквост во рамките на институцијата, во која мнозинството вработени, но и мнозинството на раководни позиции се жени. По повод меѓународниот ден на жената, на 6 март 2023 година Универзитетот го организираше Меѓународниот форум за женско лидерство под мотото „Жените пишуваат историја“, на кој учество зедоа 36 панелистки, докажани и успешни жени-лидерки од земјата и од светот во сите сфери од општествениот живот!
Нека ни е честит Меѓународниот ден на жената! И нека биде секој ден нејзин ден!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2209-koktel-za-ponezhniot-pol-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadjment#sigProId0079ad52c3