Во своето гостување за Македонското радио – Радио Скопје, ректорот Миленковски денес даде одговор на многу актуелни прашања што го мачат македонското образование денеска.
Ректорот разговорат го започна со општа оцена дека образованието во нашата држава е оставено на маргините и дека за жал, македонските ученици, средношколци и студенти се многу далеку од европското, а уште подалеку од американското високо образование, како во однос на квантитетот, така и во однос на квалитетот на образованието што го добиваат. Иселувањето или миграциите, кои се постојани појави на Балканскиот полуостров, а кои постојат и кај нашите соседи, во еден масовен обем почнаа да се случуваат од 2016 година до денеска, а причината за ова ректорот ја лоцираше токму во фактот што секој од нас гледа дека државата и институциите стануваат нефункционални.
„Не може секој да биде министер за образование. За да се биде министер треба да се биде учител. Ако не сте учител, не можете да бидете ниту министер за образование, а да се биде учител, е најблагородната работ што можете да јасработите во вашиот животен век“, истакна ректорот Миленковски, кој и самиот ја започнал својата професионална кариера како наставник по географија во основно училиште.
Во интервјуто, ректорот издвои неколку клучни причини за катастрофалната состојба со образованието. Тој посочи дека лошите кадровски избори на функцијата министер од осамостојувањето до денеска, кои изгледаат како да имаат исклучиво дневно-политичка вредност, се можеби главните виновници за состојбата. Како друга причина Миленковски го издвои и нашиот закон за високо образование, кој иако е сменет многу пати, ниту еднаш не бил приспособен на европските стандарди. Личниот комфор и комфорот на институциите, пак, се тие поради кои не се имплементира доследно европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС). Сето ова, според Миленковски, дава исклучително лоши резултати на високото образование во земјата денеска.
За институцијата што ја раководи, ректорот нагласи дека од нејзиното основање, таа се стреми да работи по највисоки стандарди.
„Нашата диплома е изработена во согласност со методологијата за работа на нашиот Универзитет. Таа е американска или европска, а ние ја презедовме од европска Хрватска. Таа методологија се вика мерливост на знаењето. Ние немаме усно одговарање во четири очиниту испитни сесии. Тестовите од колоквиумите или од завршните испити се кодирани, и не ги прегледуваат професорите, туку ги проверува скенер и специјална програма“, ја објасни Миленковски методологијата на работа на Универзитетот.
Додаток на диплома што ја издава овој Универзитет има три различни оцени.
„Првата оцена што ја добиваат студентите е врз основа на националниот систем за оценување – од 5 до 10, вторатаоцена во истата вертикала е оцената со проценти според европскиот систем за високо образование, а третата оцена е приспособливоста на нашата програма за работа. Тоа значи дека во нашите дипломи има три оцени еквивалентни на знаењето на студентот, и тие може да бидат прочитани насекаде во светот“, објасни ректорот Миленковски, продолжувајќи дека Универзитет ги има сите потребни акредитации и дозволи за работа, како и дипломата TEDQual за квалитет во високото образование, која ја доделува Светската туристичка организација во рамите на Обединетите нации.
„Оваа диплома ја добивме во 2014 година, по создавање работен материјал од 900 страници, а нѐ проверуваа светски професори што се акредитирани како ревизори за високо образование. Искуства за нашата работа црпиметокму од универзитетите што членуваат во една мрежа на знаење во рамките на Светската туристичка организација, а чија членка сме и ние. Ги има околу 170-180, ако не и 200 што се моментално членки, меѓу кои се на пример и американскиот универзитет Џорџ Вашингтон, или париската Сорбона“, истакна Миленковски.
На крајот, ректорот промотивно го најави новото име на Универзитетот - Универзитет Скопје. Инспирацијата, сподели Миленковски, дошла токму од колегите со кои заедно учествувале на состаноци на Извршниот совет и на Генералните собранија на Светската туристичка организација, каде што тие скратено им се обраќале соновото име на универзитетот, Универзитет Скопје.