Во понеделник, на 6ти март, во 11:00, сите патишта водат на УТМС!!!
"Целта на овој меѓународен форум е преку вакви јавни настани да може да се покренат прашања за жената, кои што се карактеристични и битни во нашата држава, како прашањата за жените во општеството, жените и градењето на кариерата, жените и стереотипите.
Бидејќи, образованието е темел на едно општество и сè почнува и завршува преку институциите на образованието, УТМС како високообразовна општестевно одговорна институција, почитта кон жените, во пресрет на Денот на жената, ја дава преку организирање на ваков Меѓународен форум.
На едно место, во ист ден дами од повеќе области ќе дебатираат на темата: „Жените пишуваат историја“ и тоа преку пет панели. Панел за жените во дипломатија, панел за жени истакнати во бизнис заедницата, панел за дами кои го движат образованието, панел за жени двигатели на медиумите, како и панел за жени докажани во областа на културата и уметноста.