Вчера, тимот на УТМС беше во Неготино, во СОУ „Кирил и Методиј“, и во Кавадарци, во СОЗШУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“ и во гимназијата „Добри Даскалов“. На идните студенти од овие училишта им ги претставивме можностите и условите за студирање на нашиот Универзитет, како и методологијата на нашите студии.
Во дискусиите што следуваа по презентациите на тимот на Универзитетот, средношколците беа особено заинтересирани за уникатната методологија на студирање кај нас, особено за начинот на изведување на колоквиумите и на испитите. Имено, тој овозможува објективна мерливост на знаењето што го исклучува професорот како човечки фактор што може да влијае врз оценувањето. Тоа им овозможува на нашите професори да бидат повеќе ментори отколку професори со единствена цел да им го пренесат на студентите своето знаење на начин што ќе доведе до нивни успех.
„Стекнете квалитетно применливо знаење и завршете си ги студиите успешно во рок! Ве очекуваме!“, им порача нашиот тим на идните академски граѓани на државата.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2197-nashiot-tim-vo-poseta-na-sredni-uchilishta-vo-kavadarci-i-negotino#sigProId4b481f9406