Универзитетот за туризам и менаџмент ќе ја поддржи продукцијата на документарен филм за македонскиот фудбалски бренд, нашата „кобра“ со број 9, голгетерот Дарко Панчев.
По тој повод, ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, оваа седмица во Белград, се сретна со претставници на продуцентската куќа, агенцијата „Спортнетворк – Србија“, која во соработка со агенцијата за маркетинг „Спорт Сервис Скопје“ го подготвува филмот.
Дарко Панчев е еден од најдобрите голгетери на светот во осумдесеттите и на почетокот на деведесеттите години на минатиот век и еден од најпознатите македонски спортисти во историјата. Тој е носител на Златната копачка за најдобар стрелец во Европа и на Сребрената топка за најдобар фудбалер. Филмот, преку гостувања на истакнати спортски и јавни личности, како и на самиот Панчев, ќе ја раскаже неговата животна приказна на фудбалските терени.
Продуцентската куќа што застана зад документарниот филм за нашата фудбалска легенда Панчев, „Спортнетворк – Србија“, е препознаен спортски медиумски сервис со огромно искуство во ТВ-продукции. Медиумот секојдневно ги следи најзначајните спортски случувања, а неговите прилози редовно се емитуваат во информативните и во спортските емисии на телевизиите РТС, Б92, Пинк, РТВ Војводина, Ал Џезира и Спорт Клуб.
Со нетрпение ја очекуваме премиерата на филмот!
Секогаш со поддршка за спортот и за сето она што значи македонски бренд!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2179-univerzitetot-kje-go-poddrzhi-snimanjeto-dokumentarec-za-makedonskiot-fudbalski-brend-panchev#sigProId8a4da66afc