Новогодишната еуфорија на Универзитетот за туризам и менаџмент ни започна денес, 16 декември 2022 година, со посетата на дечињата - малите снегулки од градинката „Пролет“. На гости, предновогодишно, ни дојдоа децата за да ја осетат новогодишната бајка на УТМС.
Универзитетот како и секоја година плени со секој новогодишен украс кој го краси за време на новогодишните и божиќните празници влечејќи го вниманието на малите, но и на големите минувачи.
Со нашите гости, заедно го гледавме цртаниот филм „Првиот Божиќ“ во амфитеатарот на Универзитетот, а потоа се прошетавме низ неговите простории и преку игра, се запознавме со неговата работа.
Печатевме и цртежи со новогодишни мотиви по избор на децата, а потоа им се радувавме на освежувањата и на пакетчињата што оваа година Дедо Мраз ги остави токму кај нас за нив.
Ни нашите гости не ни останаа должни за гостопримството. Нѐ развеселија со новогодишни песни и ни подарија изработки со Снешко и Дедо Мраз.
Ви благодариме што ни ги разубавивте овие празници! Ве очекуваме да ни дојдете пак!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2169-snezhnata-bajka-na-utms-zapochna-so-posetata-na-decata-od-gradinkata-prolet#sigProIde8ee7dcb86