Денеска, 2 декември 2022 година, со почеток во 17:00 часот, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент се одржа Првиот свечен академски час за студентите запишани на магистерски студии на факултетите на Универзитетот во академската 2022/2023 година.
Топло добредојде и многу успех во студиите на новите магистранти им посака раководителката на магистерските студии на Универзитетот, проф. д-р Александра Стоилковска. Таа им ја објасни и методологијата на студирањето, порачувајќи им дека по завршувањето на студиите, со други очи ќе ги гледаат општествените процеси во кои ќе бидат вклучени професионално. Студентите имаа можност да се запознаат и со другите свои професори, како и со деканите на факултетите и проректорите на Универзитетот.
Универзитетот за туризам и менаџмент нуди магистерски студии во пет области, и тоа: економија, менаџмент на човечки ресурси, меѓународен маркетинг менаџмент, туризам и софтверско инженерство.
Им посакуваме многу успеси на нашите нови колеги!