Секоја есен, веќе 23 години по ред, покрај разнобојните лисја разлетани по улиците на градот, Скопје го бојат и звуците на Есенските музички свечености. Манифестацијата, на која учествуваат врвни уметници од државата и од целиот светот, традиционално го претвораат секој ноември во месец во кој се слави класичната музика како светско културно наследство во градот.
Есенските музички свечености ги организира Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, институција основана во далечната 1948 година, една од најстарите од ваков вид во државата. Во списокот на уметници кои се претставиле на нејзините манифестации ќе најдете имиња на врвни творци од целиот свет. Самостојно или во соработка со сродните институции таа е иницијатор, основач и реализатор на значајни културни настани како што се Скопското лето, Блуз и соул фестивалот, Есенските музички свечености, Новогодишната програма.
Есенските музички свечености ’22 започнаа на 4 ноември, а ќе траат до крајот на месецот. Универзитетот за туризам и менаџмент оваа година е еден од главните поддржувачи на манифестацијата. Секогаш сме таму каде што сме неопходни да ги мотивираме и да ги поддржиме развојот на културата и на културниот живот во градот и во Македонија! Затоа сме овој ноември заедно со Дирекцијата за култура и уметност во реализацијата на оваа манифестација!
Ве покануваме да уживате заедно со нас во звуците на Есенските музички свечености!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2145-univerzitetot-gi-poddrzha-tradicionalnite-esenski-muzichki-svechenosti#sigProIde715f82567