Во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје, денеска започна манифестацијата „Денови на европско Скопје“, чиј главен поддржувач и пријател е Универзитетот за туризам и менаџмент.
Манифестацијата беше отворена со работилницата „Фотографирај го европско Скопје“, на која учествуваа средните училишта од градот, како и ученици од ДСУЛУ „Лазар Танев“. Учениците дознаа нешто повеќе за историјата на Скопје и учеа како се изработува професионална фотографија заедно со познатиот фотограф Александар Кондев.
На манифестацијата, во пригодното обраќање до средношколците, претставниците на Универзитетот ги охрабрија младите да творат и да придонесуваат кон развојот на културата и на уметноста во градот и во државата.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2143-univerzitetot-za-turizam-i-menadjment-glaven-poddrzhuvach-na-denovi-na-evropsko-skopje#sigProId87c7d5d383