Денеска во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент, ректорот проф. д-р Аце Миленковски им се обрати на стипендистите од цела Македонија што добија можност да студираат на Универзитетот благодарение на Фондацијата „Проф. д-р Љубе Миленковски“.
Стипендиите Универзитетот ги додели транспарентно преку25 општини низ земјата. Од вкупно доделени 220 стипендии на денешната средба со ректорот присуствуваа 172 студенти стипендисти.
На средбата ректорот им порача на студентите дека да се биде богат значи да се има пријатели.
,,Тука на Универзитетот сме сите пријатели и затоа сме богати. Сепак нашата примарна улога е да ви го пренесеме нашето знаење и да ги развиеме вашите вештини и компетенции”, истакна ректорот Миленковски.
Тој ги претстави вработените на Универзитетот, академскиот и административниот кадар, како и методологијата што ја применува Универзитетот, а кој гарантира мерливост на знаењето според европскиот кредит-трансфер систем.
Заблагодарувајќи им се на присуството и на вниманието, тој им посака многу успех во студирањето на новите колеги.
На средбата се обратија и самите стипендисти. Тие изразија благодарност до ректорот, неговиот тим и до своите професори за поддршката што ја добиле и се обврзаа преку труд и истрајност во студирањето да ја оправдаат нивната доверба.
„Ќе бидам искрена, во моите 39 години, и покрај силната волја и богато работно искуство во оваа област, до сега сум немала можност да студирам. Како постојано ангажирана жена и мајка на четири деца, и менаџер на парфимерија со целосно работно време, ми останувало само да мечтаам или да чекам да ми се насмее среќата. Конечно среќата ми се насмевна, а мечтите ми се исполнија. Од сѐ срце ви благодарам!“, изјави на средбата студентката Митрах Емине, стипендистка од Општина Бутел.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2142-rektorot-milenkovski-gi-pozdravi-stipendistite-na-fondacijata-prof-d-r-ljube-milenkovski#sigProId9fb3a4bc5a