Денеска, Австриската амбасада во Скопје го одбележа Националниот ден на Австрија, кој државата го слави во чест на прогласувањето на нејзината трајна независност во 1955 година, откако трупите на четирите сојузници (Велика Британија, Франција, Русија и Америка) кои ја окупираа нејзината територија по Втората светска војна, ја напуштија земјата.
Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски, лично му го честиташе празникот на австрискиот амбасадор, Н.Е. д-р Георг Вуцас, на приемот што се одржа по овој повод во фоајето на Македонската опера и балет.