Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, проф. д-р Аце Миленковски се сретна со висока делегација од Факултетот за применета екологија „Футура“ кој е во склоп на Универзитетот Метрополитан во Белград, Србија.
На средбата беше разговарано за актуелните состојби во високото образование во двете земји, како и за предизвиците со кои се соочуваат студентите во текот на своето студирање.
Договорени се и идни соработки во научно-истражувачката работа помеѓу двата универзитета, како и понатамошна размена на искуства и програми, а сѐ со цел поголем квалитет во образовниот процес на двата универзитета.