Денес, по повод Денот на Уставот и на вооружените сили на Словачка, напладне, во просториите на Хотелот Мериот во Скопје, Амбасадата на Словачка организираше свечен прием за своите пријатели и соработници.
На приемот беше поканет и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски му го честиташе празникот на амбасадорот, Н.Е. Хенрик Маркуш.
На приемот ректорот Миленковски се сретна и со Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Република Македонија, амбасадорот на Обединетото Кралство Н.Е. Метју Лосон, амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, директорот Крис Бренан и програмскиот директор Илина Мангова на Американскиот Републикански Институт (ИРИ).