Универзитетот за туризам и менаџмент ги препознава, ги наградува и ги слави успесите на најдобрите!
Секоја година, најдобрите дипломци и магистри во генерацијата се одликуваат со една од трите академски титули што ги доделува Универзитетот: Summa Cum Laude - „завршил со највисоки почести“, Magna Cum Laude – „завршил со високи почести“ и Cum Laude – „завршил со почести“. Во знак на признание на академските титулите со кои се стекнале, на традиционалната Свечената промоција на дипломци и магистри, која се одржува секоја година, најдобрите во генерацијата се одликуваат со медал.
Оваа година, меѓу дипломците, со медали беа одликувани следните студенти:
- Summa Cum Laude: Спиркоска Марија со просек 96.02, Кочкоска Хелена со просек 95.56 и Темелковски Виктор 95.31.
- Magna Cum Laude: Радевска Симона со просек 93.27, Ефремовска Јована со просек 93.22 и Трајковска Соња со просек 93.09.
- Cum Laude: Данилова Лилјана со просек 92.92, Павлова Силвија со просек 91.18 и Јовеска Рената 90.83.
Меѓу магистрите, пак, медали добија следните студенти:
- Summa Cum Laude: Стоилковска Божиноска Марија со просек 99.44
- Magna Cum Laude: Вртова Симјановска Јулија со просек 97.72
- Cum Laude: Чачиќ Ана Марија со просек 96.29, Синадиновска Арсовска Марија со просек 95.84, Кожухарова Јована со просек 95.82 и Младеновска Адријана со просек 95.72.
Погледнете ја галеријата од овогодишната Свечената промоција, од моментите кога студентите ги добиваа своите дипломи и медали.
На најдобрите и на сите останати дипломци и магистри, им посакуваме многу среќа и многу успеси во животот!
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2131-chestitki-i-nagradi-za-najdobrite-diplomci-i-magistri-vo-generacijata#sigProIdad646ef3ce