Општина Зелениково е уште една од општините со која Универзитетот за туризам и менаџмент потпиша Меморандум за соработка во областа на образованието. На денешната средба во кабинетот на градоначалникот на Општината, Коста Маневски, ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, преку Фондацијата за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски“, додели петнаесет стипендии за идните студенти од оваа општина, кои од оваа година, своето образование ќе го продолжат на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На ова средба се разгледуваа и други можности за соработка меѓу Универзитетот и Општината.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2128-dodeleni-15-stipendii-za-dodiplomski-studii-vo-opshtina-zelenikovo#sigProId45249b7f1a
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2128-dodeleni-15-stipendii-za-dodiplomski-studii-vo-opshtina-zelenikovo#sigProId45249b7f1a