Денеска низ улиците на Скопје трчаа учесниците на „Виз Ер Скопски маратон“, 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Тимот на универзитетот за туризам и менаџмент излезе на улиците да им даде поддршка на учесниците. Делевме освежување, трчавме со нив и со ритам им помагавме да го одржат темпото.
Скопскиот маратон традиционално го организира Сојузот на спортови на Град Скопје, под покровителство на Град Скопје, со поддршка од бројни спортски клубови и асоцијации, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската унија. Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и на трката на пет километри беше во 8 часот пред Собранието, а целта на учесниците беше Плоштадот „Македонија“.
Годинашното издание на маратонот беше посветено на основачот на манифестацијата Ѓорѓи Кузмановски, кој почина во понеделникот на 80-годишна возраст.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2125-timot-na-utms-so-poddrshka-za-uchesnicite-na-skopskiot-maraton#sigProId12645718db