Универзитетот за туризам и менаџмент има чест да ве покани на пригодната свеченост што ќе се одржи на 8 октомври 2022 година во Македонската опера и балет по повод промоцијата на 14-тата генерација дипломци и 13-тата генерација магистри на нашиот Универзитет. На свеченоста, која ќе започне во 19.00 часот, пригодно обраќање до гостите ќе има ректорот на Универзитетот, проф. д-р А це Миленковски. Со интересна и богата културна програма, на новите дипломци и магистри ќе им бидат доделени заслужените дипломи.
Почитувани дипломци и магистранти, родители, соработници и пријатели на Универзитетот, ве очекуваме на 8 октомври во Македонската опера и балет да го прославиме заедно овој наш и ваш успех!