Жешкото лето асоцира на разладување, па токму затоа веселиот тим на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и ова лето ќе биде со вас да се дружиме во нашата најпозната туристичка атракција - Охрид. Од 29 јули до 15 август, во претпладневните часови, ќе бидеме присутни секој ден на различна плажа со реквизити за дружење и за забава. Да уживаме и да се запознаеме со предностите што ги нуди Универзитетот за туризам и менаџмент. Во вечерните часови ќе бидеме присутни во централното подрачје на градот со тркало на среќата. Секој ќе има можност да си ја проба својата среќа и да добие една од многуте награди што ќе ги има на тркалото на среќата. Сигурни сме дека ќе бидеме забележани затоа што имаме навистина добар план како да ги поминеме овие денови со вас. Покрај тркалото на среќата и можноста да се сликаме за да ги запомниме убавите мигови, имаме уште едно изненадување за вас, кое сега за сега ќе го оставиме да биде мистерија.